речник контакт

На крводарителската акција на „Велес бајкинг“ собрани 34 крвни единици

Во месец ноември на три крводарителски акции во Велес се даруваа вкупно 161 крвна единица

Петар Печков

Во денешната акција на крводрување, која беше во организација на ЗГ „Велес бајкинг„ и Општинскиот црвен крст од Велес се собраа 34 крвни единици. Осум од нив беа од дарители жени а четири лица за прв пат дарувале крв. 

И оваа крводарителска акција Црвениот крст ја одржа заеднички со Институтот за трансфузиона медицина, а за прв пат како дел од тимот организатори се вброи и здружението на граѓани љубители на велосипедско возење „Велес бајкинг“. Токму нивните членови беа голем дел од крводарителите на акцијата - соопштија од ОО на Црвен крт Велес. 

Досега заклучно до 31-ви октомври во велешко, заедно со општините Чашка и Градско собрани се 2.759 крвни единици, со што е натфрлен планот за 2020-та година од 1861 крвна единица.  Во месец ноември на три крводарителски акции во Велес се даруваа вкупно 161 крвна единица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »