Петар Печков
Објавено: недела, 08 ноември 2020
На денешната крводарителска акција, организирана од Мото клубот „Носачи на крстот“ од Велес, беа собрани 103 крвни единици. Таа се одржа по повод 9-ти Ноември Денот на Општината, годинава по 13-ти пат.
Од вкупно собраните 103 крвни единици, 79 единици се од дарители мажи, а 24 жени, додека две лица за прв пат дарувале и станаа дел од најхуманото семејство.
Најуспешна крводарителска акција организирана од МК ,,Носачи на крстот,, изминатите години е таа од 2013-та кога се собраа 177 крвни единици а минатата година беа собрани 153.
Акцијата се одржа во Ликовниот салон, а беше организирана заедно со Општинскиот Црвен крст на Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Општинскиот Црвен крсt изразува голема благодарност до сите што дeнес се решија да дарувааt крв, во услови на светска пандемија на ковид-19 и се применуваа сите стандарди и процедури согласно состојбата во која се наоѓаме.
Tweet |