Петар Печков
Објавено: петок, 23 август 2024
По повод денот на Општина Чашка 21 август, се одржа крводителска акција. На акцијата се даруваа вкупно 31 крвна единица. Еден од дарителите даруваше за прв пат и стана дел од најхуманото семејство во државата. Акциајта се одржа во ОУ „Тодор Јанев“.
Претходно се одржа крводарителска акција и во Градско, по повод Денот на Општината.
Дарувани вкупно 50 крвни единици, четворица даруваа за прв пат.
Двете крводарителски акции се одржаа во организација на Општинската организација на Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина.
За потсетување, недела и понеделник 25 и 26 август, се одржува големата летна крводарителска акција во Велес, годинава по 32 пат. Таа ќе се реализира во Европската куќа, поранешно кино 11 Октомври во периодот до 9 до 15ч.
Tweet |