речник контакт

На локалитетот Стоби се одржи работилница за конзервација а во Македонија има недостиг на конзерватори

На неа учествуваат десетина посетители, студенти и млади вработени во музејските институции

Петар Печков

Во локалитетот „Стоби“ се реализираше работилница за конзерваторски материјали „Од наука до примена“. На неа учествуваат десетина посетители, студенти и млади вработени во музејските институции.

Биле пријавени 40 кандидати, а учеството беше бесплатно.  Конзерваторите како  стручен кадар се дефицитарни во Македонија.   

„Проектот вкучуваше повеќе активности по фази. Тој се фокусира на современите конзерваторски материјали, како производ на науката и нивната примена и ипшементација во заштитата на културното наследство. Во текот на работилницата учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења преку предавања, обезбедувајќи не само теоретско разбирање, туку и директен контакт со експерти во областа“ – кажа Биљана Јанкуловска Пеева, виш конзерватор во НУ Стоби.

Во Македонија има недостаток на кадар конзерватори и потребни се вакви форми на практична работа, велат стручните лица.  Посетителите на работилницата,  низ предавања и практична работа ги совладуваа техниките на конзервација на керамика и стакло.  На работилницата имаше посетители и од странство.

„Оваа работилница навистина ќе биде од помош, бидејќи музејот каде работам поседува голем фонд на предмети од стакло и керамика.  Сигурна сум дека заедно Музејот од Будва и Установата од Строби, ќе останеме во конткат а добиеното знаење ќе послужи во натамоштата моја рабтоа “ – кажа Милица Радовиќ, од Археолошкиот музеј на град Будва, Црна Гора.

Посетителите имаа можност да работат на реплики од керамика и стакло. Проектот е реализиран со помош на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.  Како предавачи беа проф. Др- Емилија Фиданчевски, д-р Лидија Робева Чуковска, мр Ивана Коцевска.
„Се пријавив на работилницата, оти сакам да ги надоградам моите знаења во конзервацијата. Тоа многу ќе ми помогне во натамошната кариера“ – рече Наталија Манчевска, студент на Институтот за историја и археологија.

Работилницата беше наменета за студенти од 3-та и 4-та година на додипломски студии, како и за постдипломци, докторанти и млади професионалци на почетокот од својата кариера, археолози, историчари на уметност, конзерватори, реставратори, ликовни уметници, технолози и други сродни професии.

Работилницата е проект на НУ Стоби, финансирана од Министерството за култура, дел од годишната програма за 2024.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »