речник контакт

На новогодишнана ноќ најмногу работа на детско и заразно

На Хирургија и интерно, без сериозни интервенции. Велешани ниту се опиле, ниту се прејале

Петар Печков

Новогодишната ноќ и денот пред неа најмногу работа имаа на Инфективното одделение и Детското одделение при ЈЗУ Општ Болница Велес. Капацитетите полни, многу работа и прегледи. 

 За новогодишната ноќ на Инфективното одделение имавме 45 пациенти, сите кревети беа  полни а додадовме  и нови. Во текот на вчерашниот ден имавме 80 прегледи – рече епидемиолог д-р Славица Трајкова.  

 Слична состојба и на детското одделение. 

Грипот го стори своето. Имаме  голема фреквенција со 30 прегледи на ден. Доаѓаат дечиња со компликации од грип.   Ноќеска имавме 30 хоспитализирани деца  и  50 прегледи – изјави педијатарот д-р Зорица Гашева Ковачева.  

 Во хируршкото  одделение и интерното, дежурните доктори информираа дека од нивните колеги, кои биле ноќеска  на работа на дочекот на Новата година,  немало поголем прилив на пациенти или посериозни повреди и интервенции. Или немало случаи на пијани или прејадени  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »