Петар Печков
Објавено: петок, 10 јули 2026
На археолошкиот локалитет Стоби во тек е меѓународна археолошка теренска школа, која е посетена од 17 студенти. Освен еден канаѓанец, сите останати се од САД. Тие еден месец работат на практично искуство во археолошки ископувања, документација и истражување во урбана средина од римскиот и доцноримскиот период.
„Како и претходните години и годинава работиме на објектот познат како „затворот“. Тоа е простор помеѓу Епископската базилика и Теодосијанската палата. Се работи за методологија за археолошки истражувања. Претпладне работат практика, теренски, а попладне во лабараторија. Учесниците се обучуваат за археолошки ископувања, теренска документација, фотограметрија и 3Д археолошко снимање и моделирање. Програмата вклучува и обработка и анализа на археолошки наоди, овозможувајќи целосен увид во процесот на археолошко истражување“ – кажа Јован Радњански археолог во НУ Стоби, раководител на школата.
Таа се оргнизира во соработка со Балканската фондација од Софија. Изминатиот период посетителите ги посетија Хераклеја во Битола, музеите во Скопје и музеите во Солун Грција, нудејќи поширока перспектива за богатото археолошко наследство на Балканот.
Претходно, на Стоби се одржаа две работилници, летни школи. Првата беше за конзервација и документација на римска керамика, втората за конзервација на ѕидови. По 15-ти пат се организира работилницата за конзервација, која нуди теоретска и практична обука изучување на римската и доцноримска керамика. Учесниците работеа во теренската лабораторија на Стоби со автентични керамички наоди од античкиот град, при што се запознаваа со различни конзерваторски методи и техники во заштитата на археолошките артефакти.
Втората работилница за архитектонска конзервација на студентите и воллонтерите им нудеше единствена можност да стекнат теоретско знаење и практично искуство во конзервацијата на автентични римски и доцноримски археолошки предмети пронајдени во Стоби. Ментор беше Дејвид Карингтон од Обединетото Кралство.
„Со оваа школа завршиме дел од конзервација на еден неконзервиран ѕид од Теодосијанската палата. При крај сме со конзервацијата на ѕидовите на целиот објект, на кој што претходно се правела во30-тите години од минатиот век и тие беа во лоша состојба и имаа очајна потреба од конзерваторски третман. Учесниците работеа на конзервација и документација на римската и доцноримската архитектура на Теодосијанската палата“ – кажа Карингтон.
И овие две летни школи беа организирани со партнерот од Бугарија, фондацијата Балканско наследство. Беа посетени од 15-тина студенти, сите од САД.
| Tweet |





