Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 февруари 2020
Во рамките на проектот на Сојуз на извидници на Македонија насловен како ИЗ(ВИДИ), извидничкиот одред “Димитар Влахов“-Велес засадуваше садници на опожарените површини околу езеро Младост, под мотото “Да му помогнеме на езерото“.
На оваа еколошка акција беа засадени 1.500 садници од багрем. На активноста учество земале триесет извидници членови на велешкиот одред и двајца волонтери на Мировниот корпус.
Ова пошумување воедно се организираше како дел од програмските активности на одредот по повод Светскиот ден на извидништвото – 22 фебруари. со што ја докажуваат нивната општествена одговорност.
Вработените во Халкбанк заедно со работници од Македонски шуми и активисти кои ја користат мобилната апликација HalkEco, на падините околу велешкото езеро Младост спроведоа акција при што засадиле 6.000 садници дрвја. Оваа локација минатата година беше зафатена со катастрофалниот пожар којшто уништи огромна површина боровa шумa. Дрвјата кои банката ги обезбеди и кои треба да помогнат за обнова на изгорените површини и повторно зазеленување на оваа туристичка локација, се резултат на кампањата HalkEco што започна минатата година и има за цел да ги поттикнува граѓаните на поголема физичка активност.
Tweet |