Петар Печков
Објавено: вторник, 25 јули 2023
Понеделникот доцна попладне, на магистралниот пат Охрид - Ресен, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три камиони. Едно од нив било управувано од велешанец.
„На 24 јули во 19.36 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид -Ресен, во близина на местото викано Прентов мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три товарни возила, „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56 годишно лице од Охрид, „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од 47 годишно лице од Велес и „мицубиши“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 43 годишно лице од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „мицубиши“, 41 годишен, од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид“ - соопштија од МВР.
Увид на лице место извршила екипа на СВР Охрид по што ќе бидат познати причините за несреќата.
фото илустрација
Tweet |