речник контакт

На пеливански борби, се степале гледачите

Бо масовната тепачка учествувале шест лица

Петар Печков

На ревијалниот пеливански натпревар се случила масовна тепачка, во која учествувале шест лица. Деталите ги објавија од велешката полиција. 

„На 26.07.2026 околу 17:30 часот на спортско игралиште во село Раштани, велешко, при одржување на натпревар во пеливанство, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(33 год), М.А.(33 год), С.М.(40 год), од село Бузалково, велешко и Џ.Љ.(20 год) од село Студеничани од една страна и Ф.Н.(23 год) и Џ.Н.(27 год) од Штип, од друга страна“ – соопштија од СВР Велес.

По целосно документирање на настанот против учесниците во тепачката ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Според полицијата настанот се случил во Раштани на пеливански борби, кои пак се одржаа во Бузалково.

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »