Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 февруари 2023
Во петокот во населба Чашка се организираше крводарителска акција. На неа крв даруваа 29 лица. Од нив 24 беа мажи и пет жени.
Согласно прописите акцијата ја реализираа ОО Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Чашка.
Ова беше прва крводарителска акција реализирана годинава во Општина Чашка.
Tweet |