речник контакт

На првата крводарителска акција во Чашка годинава, собрани 22 крвни единици

Седум од дарителите се жени и двајца прв пат се дарители

Петар Печков

Дарителите од Општина Чашка во голем број  се одѕваа на првата крводарителска акција во 2021 година. Во големата сала на Основното училиште „Тодор Јанев“ се собраа 22 крвни единици, седум се жени и двајца прв пат се дарители.

Тоа е добар почеток на годината ако се имаат во предвид условите и пандемијата во која се наоѓаме- кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес. На ланската акција, организирана во овој период беа собрани 15 крвни единици.

Традиционално крводарителската акција заеднички ја организираат Црвен крст на Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“.

Во текот на минатата година во Чашка се одржаа две крводарителски акции на кои се даруваа вкупно 54 крвни единици.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »