речник контакт

На просторот од некогашниот АТ Диспанзер ќе се гради паркинг

Владата го отстапила објектот на трајно владеење на Општина Велес. Локацијата има 770 м2 и ќе има простор за 60 возила

Петар Печков

Владата на последната седница  одржана на 10-ти февруари, донела одлука  за трајно користење и преотстапување  без надомест на некогашниот Диспанзер за туберкулозни болести. 

Лоциран е во Нова населба, на улица Наум Наумовски Борче и од март 2013-та зградата е напуштена и е грда слика за тој дел на градот. Истиот локалната власт најавува дека  ќе се руши и на овој простор ќе се гради паркинг, кој ќе биде времен и ќе има 60 места за паркирање, локацијата има 770 м2 површина.  

Нашата намера е да се сруши стариот објект кој е  вон употреба неколку години и на тоа место да се изгради паркинг. Тој ќе биде до времен карактер  така сериозно ќе го ублажиме проблемот со паркинг простор  од тој дел на градот - кажа градоначалникот Коцевски на прес конференција.  

Паркингот би бил времен се додека не се донесе новиот ГУП а потоа и  ДУП, оти на постојниот просторот се води како локација за здравствена намена а потоа би се градела катна гаража. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »