Петар Печков
Објавено: петок, 29 април 2022
Нема да се реконструира мостот кај Башино село, току ќе се гради нов. Ова е одговорот кој министерот за транспорт и врски Благој Бочварски го дал во писмена форма на политичката партија Левица од Велес. Ова доаѓа по нивното писмо во кое тие реагираат што побргу да започне реконструкцијата на мостот на реката Вардар, оти тој е во лоша состојба.
„Уште минатата година градежни инженери до ЈП за држави патишта (ЈП ДП) и професори на Градежниот факултет, излегоа на терен за да ја утврдат точноста на степенот на оштетувањето на мостот и веднаш е почната постапка за проектна програма за нов мост,кој го работи Градежниот факултет. Оваа постапка е во завршна фаза. Предвидено е изградбата на новиот мост да биде со мало изместување на трасата на патниот правец Р1312, со цел избегнување на остриот свиок пред пословечкиот мост“ - пишува во писмото од министерот Бочварски.
Тој дополнува дека ЈП ДП во неговата програма за годинава има обезбедено ставка за обезбедување на средства и по завршувањето на постапката од Градежниот факултет ќе се распише ќе се распише јавната набавка.
Постојниот мост е стар 52 години, изграден од ЈНА во 1971 година како времен, во должина од 101 м. Тоа е армирано бетонски полумонтажен тип мост.
Tweet |