речник контакт

На сладолед кај Упе

Аледини ја продолжува децениската семејна традиција

Петар Печков

Иако сладолдедот е сезонско освежување, за повеќето велешани  асоцијација за него цела година,  е слаткарницата  ,,Хепи деј,, или кај  сите позната како  ,,Македонија,, . Таа е сопственост на Урмет Аледини - Упе. Едната е кај училиштетот Васил Главинов, втората спроти Младински.  Урмет кого велешани го знаат како Упе, ја продолжува семејната традиција, која  ја наследил од неговиот татко, мајстор Везо.  

 По заминувањето на татко ми во пензија, ја преземав работата. Работев во МХК, фирмата се затвори и  ефективно 10-тина години сум во слаткарницата. Тука од пролет до есен ги освежувам сограѓаните, сладодел, боза, лимунада - вели Упе.  

На прашањето што велешани најмногу трошат, одговара дека  најмногу се бара сладодлед, па боза и лимунда.   Неговата слаткарнциа е позната по сладолед, освен  во Велес и пошироко.   Скопјани  се редовни муштерии, кога  ќе дојдат во Велес на гости, прошетка, не промашуваат да дојдат да купат сладолед. За вкусовите на потрошувачите објаснува:

Кога е  жешко најмногу се бара освежителен, лесен, овошен сладодел, да е малку красит. Се бара и боза и лимунда и тие освежуваат на високите температури, кога е жешко - додава Упе.  На прашањето дали  има  тајна во подготвката на сладоледот, одговара со насмевка ,, сто масјтори сто занаети, секој има свое мајстроство, го подготвува на свој начин,,. 

 Што се однесува до бозата, открива дека нејзината подготовка е  специфична , од производство до продажба потребни биле најмалку три дена,  да отстои одреден период.  Бозата се трошела и во зимо ја купувале  млади мајки, кои  доеле бебиња  па затоа  се барала и во теи месесци.  Неговото работно време е 24/7, посветен е на работата. 

Како  налага така се работи, се прилагодувам на  потребите на муштериите,  ние  кон работата. Велешани се љубители, сакаат убаво , вкусно, ако не му  се бендиса, толку е, ќе си замине. Муштериајта  не можеш и не смееш да го излажеш. Кога работиш со исти  муштерии им го знеаш вкусот, ги научивме кој што сака - објаснува  Аледини.

 Ја открива тајната дека името на слаткарницата е,,Хепи деј,, иако сите ја знаат како ,,Македонија,,. Тоа се случило во период кога татко му ја затворил фирмата а тој се решил да ја продолжи, но од Министерството за економија не дозволиле да го носи  името ,,Македонија,, па така станала ,,Хепи деј,,. Името го смени, но вкусот на сладоледот, бозата и лимунадата,кој велешани со децении го пијат остана ист.

Додава дека сладоледот го има од средината на март од средината на ноевмри. Последните години сезоната се повеќе се продолжувала поради убавото време. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »