Петар Печков
Објавено: недела, 11 октомври 2026
На собирот кој го организираше „Кинг оф д стритс“ здружението за олдтајмери од Велес, имаше изложено 70-тина стари коли, освен од Македонија и од Србија и БиХ. Годинава се одржува по шести пат, а десетта од првата организација во 2016 година, оти имаше години кога настанот паузираше.
„Не радува интересот кај велешани, има многу заинтересирани, кои сакаат да видат дел од историјата на атомобилизмот. Ова е како музеј на отворено, подвижен музеј на тркала, на стари автомобили “ – рече Ристе Мулев претседател на здружението.
Најстариот автомобил во Македонија, марака „Форд Т“ произведен 1923 година беше изложен на собирот на олдтајмери во Велес. Неговиот сопственик Дрганчо Богевски Попето од Битола, го набавил летово . Стар е еден век и повеќе, 103 години и е во возна состојба.
„Овој автомобил е од првото сериско производство на фабриката Форд, изработен на трака и првиот модел кој може да се вози редовно во сообраќај. Возилото не може да вози толку далеку од Битола до Велес, затоа го шлепував, вози 30-40 км/ч и затоа не е за редовен сообраќај. Во тек е уште постапка за царинење па регистрација. Пали и на анласер и на курбла, автомобилот е за кратка релација, бандажите му се дрвени, гумите на пумпање, има задни кочници, собира четири патници“ – кажа Богевски.
Тој е страствен вљубеник во стари возила кој се во движна состојба, познити како олдтајмери. Има и автомобило „опел олимпија“ 1952 годиште, „пјуик“ исто 1952, „форд таунис“ 1966...
На собирот имаше изложено „пежо 203“ од 1951, „опел капитен“ од 1941 година кој служеше за снимање на сцени до филмот „Ослобдувањето во Скопје“ а се снимаше во Велес во октомври 2014 и по12 години се врати во градот, „мерцедес 280 СЛ 1972 годиште“ „шкода 100 С“, „москивч“, мотор „јамаха ројал стар“, гостеи од Шамац БиХ мерцедес 123 240 дизел 1973 годишне и мерецедес 124 250 дизел 1975 годишне, комбе транспортер Фолсваген Т1 или секој изложен автомобил беше приказна за себе.
Велешанецот Борче Саздов го претстави негивот нов репариран примерок на олтајмер –„опел манта“ од 1974 година.
„Со овој автомобил се претставив на три изложби во Македонија, Струмица, Штип и Тетово, сега и прв пат пред моите велешани. Имам уше некои фини работи да доработам на него кои ќе ми одземат време за да работам на друго ново возило, а имам за репaрирање. Го возам и уживам во него“ – кажа Саздов.
| Tweet |

























