Петар Печков
Објавено: вторник, 15 октомври 2013
На синоќешната тивка аукција, на уметнички дела изработени од велешки ликовни уметници се продадоа осум и се собраа 80 илјади денари. Тие се наменети за непречена работа на Сервис за домашна поддршка на лица со попречености, кој работи во Велес и Чашка.
Им благодaрам на сите кои одлучија да купат уметнички слики и да помогнат во натамошното фукнационирање на овие две наши сервисни служби. Од овие центри нашите патронажни служби помагаат на лица кои не се опфатени во институционално згрижување, не добиваат друга помош и се препуштени само на грижата од најблиските. Најголем дел од нив се постари од 18 години а воопшто не излегуваат надвор од домот. Направивме пионерски чекор, ние бевме први што влеговме во нивните домови, им помогнавме и тоа мора да продолжи – изјави Далиборка Златева претседател на Друштвото на лица со церебрална парализа.
Аукцијата „Подај рака - уметноста во помош на лица со попречености“ се одржи во Ликовниот салон и беа понудени 18 дела. Непродадените остануваат како донација од авторите за Здружението. Подарени слики, копаничарски резби и скулптури имаа од авторите одредена почетна цена од 3 до 18 илјади денари.
Tweet |