Петар Печков
Објавено: среда, 04 септември 2024
Локалната власт ги обнови контејнерите за смет, кои се поставени на ул. Благој Ѓорев. Во соработка со ЈКП Дервен поставени се 59 нови контејнери за комунален отпад, согласно програмата за управувње со комунален отпад, соопштија од Општина Велес. Така досегашните метални контејнери се заменети со пластични.
Од ЈКП Дерен за кратко стигна предупредување до граѓаните од оваа улица а кои ги користат контејнерите за фрлање на смет.
„По поставувањето на новите 59 контејнери за комунален смет на пофреквентите улици во градот, за жал некои граѓани комуналниот смет го оставаат на земја до контејнерите наместо во нив, иако тие се празни. Со цел да се заштити животната средина и да се спречи растурање на сметот и ширење на непријатна миризба, Ве замолуваме сметот да го одложувате внатре во контејнерите а не околу нив“- ЈКП Дервен ги опомена несовесните граѓани.
Други пак , иако има термини кога се собира картонскиот отпад, доцна попладне, го оставиле порано.
Tweet |