Петар Печков
Објавено: среда, 17 април 2019
Државната изборна комисија објави дека на одредени избирачки места, нема да се гласа поради тоа што имаат помалку од десет гласачи. Шест се во велешко, две на територијата на Општинската изборна комисија Велес и четири на ОИК Чашка. Овие избирачи своето демократско право ќе може да го остварат во најблиското избирачко место кое не е оддалечено повеќе од 3 километри од нивното место на живеење.
Во ОИК Велес тоа се избирачките места 2200 во село Клуковец а запишаните избирачи ќе гласат во Горно Оризари и избирачкото место 2198 во село Р`левци од каде запишаните гласачи ќе гласат во Бузалково.
Во ОИК Чашка каде нема да се гласа, се избирачките места 2231 од село Чашка, каде немало избирачи, 2233 избирачко место во Ново село а гласачите од тука ќе гласаат во населба Чашка, 2237 од село Крајници а гласачите ќе гласат во село Бојница и 2239 село Бусилци чии гласачи ќе гласат во населба Чашка.
Претседателските избори се закажани за ова недела 21 април а доколку има потреба вториот круг е за 5-ти мај.
Tweet |