Петар Печков
Објавено: четврток, 02 декември 2021
Се изведуваат градежни активности за реконструкција на фекална канализација на улиците „Страшо Пинџур“, „Гоце Делчев“, „Никола Оровчанов“ и „Илинденска“ во должина од 400 метри. Реконструкцијата на фекалната канализација е во вредност од 5.8 милиони денари
Се реконструира и фекалната канализација на улицата „Јовче Ќучук“ и дел од улицата „Орце Шутев“ во должина од 350 метри. Реконструкцијата е со вредност од 5.3 милиони денари.
И двете реконструкции се финансирани од Министерството за транспорт и врски, со проект за реконструкција на водоводни и канализациони линии на територија на Општина Велес.
Изведувач на градежните работи на двата проекти е фирмата „Делта Пром Инг“
Tweet |