Петар Печков
Објавено: вторник, 09 јануари 2024
Општина Велес набави машина за бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, на патишта во велешко. Вредноста на машината е 2,6 милиони денари.
„Безбедноста на сите учесници во сообраќајот е на прво место, поради што Општина Велес набави машина за одбележување на хоризонталната патна сигнализација. Редовното одбележување на улиците е неопходно, затоа оваа машина ќе биде предадена на користење на ЈКП Дервен, од каде што во координација со стручните служби од Општината навремено ќе се вршат активностите за бележење“ - соопштија од локалната власт. На последната седница на Советот на Општина Велес, при крајот на 2023 година, донесена е одлука машината да биде предадена на користење и употреба на ЈКП Дервен.
Со набавката на ваква машина, локална власт со став дека ќе можат побрзо и поекспедитивно да излезат на терен, доколку има потреба од итно и неодложно обележување на патната хоризонтална сигнализација.
Tweet |