речник контакт

Набавени дополнителни 500 комерцијални вакцини против грип

Откако пред седум дена 450 вакцини беа потрошени за три часа, од денес повторно имунизацијата продолжува

Петар Печков

Од денес понеделник во Центарот за јавно здравје Велес ќе продолжи вакцинацијата против грип,  за пари. Откако пред седум дена, за само три часа беа потрошени сите 450 вакцини, Министерството за здравство обезбедило дополнителни количини. Комерцијални вакцини се веќе дистрибуирани и од претпладнево вакцинација ќе продолжи.

Добивме нови 500 вакцини  за кои се плаќа по 650 денари и очекувавме дека тие ќе ги задоволат барањата на велешани, заедно со бесплатните  за лица над 65 години и со ниски пензии. Такви вакцини има  - рече Тони  Димитриев директор на ЦЈЗ Велес.  

Иако комерцијалните вакцини чинат  650 денари или 200 повеќе од лани, во Велес се потрошија за рекордно кратко време. Откако тоа се случи и во останатите градови во Македонија, Министерството за здравство  мораше да набави нови количества.  Лани во Велес се потрошија 800 вакцини против грип за седум дена а тогаш вакцинацијата чинеше 450 денари и немаше бесплатни.  

Вакцинацијата против грип се препорачува за лица со хронични болести и со намален имунитет, или лица кои имаа контакт со странки и граѓани, за лицата со кардиоваскуларни и респираторни заболувања.

Од Министерството објаснуваат дека вакцините годинава се поскапи, бидејќи за разлика од тие лани, нудат подобра заштита, бидејќи штитат од четири типови на вирусот на грип.

Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската здравствена организација и Европската медицинска агенција- објаснуваат од министерството.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »