речник контакт

Навалица за добивање на возачка дозвола, 111 велешани за еден месец извадиле лекарско уверение

Најголемиот дел од новите кандидати за возачка дозвола биле матуранти

Петар Печков

По двомесечната пауза од неможноста за полагање на возачки испит, велешани навалија за добивање на возачка дозвола.

Според податоците од  велешката Болница, каде се води документација на  лицата кои побарале лекарско уверение, 111 велешани  за еден месец  побарале и добиле  ваков документ. Истовремено во Општинскиот црвен крст на Велес, за документ за положена прва помош добиле 86 лица. Овие бројки биле над вообиачениот месечен просек.

Поради пандемијата со ковид-19, до 20-ти мај не се полагаше за возачка дозвола, а по овој ден комисиите повторно работат. 

Според упатените во ова бројка на 111 лица од велешко, кои се решиле да полагаат за возачка дозвола, најмногу се матуранти, кои годинава во ситуација кога немаа матурска забава, решиле  како влез во зрелоста, да полагаат за возачка дозвола.     

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »