Петар Печков
Објавено: среда, 25 декември 2019
Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници навивачката група Гемиџии од Велес, организираше хуманитарна акција. Таа беше посветена на децата Посебното основно училиште "Маца Овчарова" . На секое дете од училиштето му беше подарено новогодишно пакетче, за возврат децата на гостите им приредија новогодишна приредба.
Нашиот порив, моралните и етички вредности како општествени личности не натера и оваа година како и минатите години да направиме едни невини ангели но со скршени крилја да се чувствуваат пред се среќно, весело и исполнето во овие убави празнични денови. Секогаш се трудиме да оставиме вечен белег во градот но и во државата за одговорни и искрени личности на кои хуманоста и човечноста им е пред се - порачаа членовите на навивачката група Гемиџии.
Tweet |