речник контакт

Навредување, исмејување најчеста форма на насилство меѓу учениците, покажа истражувањето на Меѓаши

Истражувањето е спроведено во дванаесет средни училишта во земјава, меѓу нив и во Гимназијата и Хемиското од Велес

Петар Печков

Детската амбасада „Меѓаши“ ги објави резултатите од  истражувањето на тема „Насилството во училиштата и меѓуетничките односи", спроведено во 12 средни училишта од Скопје, Велес, Виница, Дебар и Гостивар во периодот ноември- декември 2019 година во хомогени и хетерогени училишта според учеството на учениците од различни етнички групи.

Во Велес тоа е спроведено во Гимназијата и Хемиското училиште. Се работи за три истражувања спроведени во период од девет години (2011, 2012 и 2019-та) на примерок од 400 ученици и наставници.

Во испитувањето  дали често комуницираш  со ученици од други етнички групи , одговорот „често“ расте со годините од 2011-та до 2019-та, „понекогаш“ опаѓа а „ретко“ е на исто ниво.  Многу е низок процентот на одговорот дека „никогаш не комуницирам“ со ученици од друга етничка група.  Комуникацијата со учениците од друга етничка група  најчесто е во училиште,  па местата за забава, во соседството,  па спортските игралиште и на крај младинските клубови.

Од година во година од 2011-та до 2019-та  расте  поддршката  дечко или девојка  на близок или роднина, да биде од друга етничка група. 

Со истражувањето е опфатено формата на насилството кое владее во училиштата. Најмногу учениците го препознале   навредување, исмејување меѓу учениците, потоа следи уништување на училишниот инвентар, па тепачки меѓу ученичките/учениците, навредување на учениците од страна на професорите,  тепачки меѓу ученици од различна етничка припадност,  тепачки со ученици од други училишта и навредување на професорите  од страна на учениците.  

Причините за насилство во градовите надвор од Скопје според учениците се: провокација , омраза или одмазда , љубомора , одбрана на другар/ка , самоодбрана .  Професорите пак со став   дека главни причини за насилство се: влијанието на друштвото , одбраната на другар/ка, личноста на ученикот,  љубомората.

Според истражувањето  алармантен е фактот дека скоро третина од учениците кои биле жртви на насилство не се обратиле на своите родители за доживеаното насилство. Учениците на прашањето во врска со тоа кому и колку често се обраќаат во училиштето кога се жртви на насилство, во највисок процент одговориле дека никогаш не се обраќаат на директорот на училиштето, нешто помалку на друг професор , на педагог/психолог , класен раководител , соученик . 28% од учениците велат дека никогаш сами не го решаваат проблемот, а само 9% од сите ученици велат дека не кажале никому во училиштето кога биле жртви на насилство.

За крај охрабрувачки податок дека над 60 отсто од испитаните наставници проценуваат дека насилството е намалено во 2019 година во однос на 2011 и 2012 година, се вели во истражувањето.

текстот е според податоците од анализата на истражувањето, објавен на веб страницата на „Меѓаши “

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »