речник контакт

Награда за Петар Колевски од „АГРИА“ за најуспешен агробизнисмен

Признанието е за развој и модернизирање на домашното производство а е доделено од Здружението „Современо земјоделство“

Петар Печков

Петар Колевски од компанијата „Агриа“ доби признание за „Најуспешен агробизнисмен за 2021 година за развој и модернизирање на домашното производство“. Таа му беше доделена  од страна на  Здружението „Современо земјоделство“ на манифестацијата за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“.

Компанијата „Агриа“ е основана во 2004 година и има долгогодишно во производство и развој на свинско месо со највисок квалитет и употреба на данска генетика. Компанијата е во семејна сопственост и има дистрибутивна мрежа низ целата земја.

„Агриа“ се докажа дека е производител на висококвалитетна добиточна храна од сопствената фабрика. Компанијата во своите рамки поседува фарма за производство на говедско месо. „Агриа“ постојано се труди да го усоврши своето производство и секогаш ги спроведува највисоките безбедносни мерки за да обезбеди финален производ кој ќе ги задоволи највисоките барања на своите клиенти.

На манифестацијата на која присуствуваше и министерот Арјанит Хоџа, беа доделени и награди за најуспешен сточар, тутунопроизводител, полјоделец, градинар, лозар, пчелар, овоштар, рурална жена, млад земјоделец.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »