речник контакт

Награда за Талија Настова за најдобра млада актерка на фестивалот во Прилеп

Награда на ,,Војдан Чернодрински,, доби и Кире Миладиновски за кореографијата и сценските движења во „Старицата од Калкута“

Петар Печков

На театарскиот фестивал  ,,Војдан Чер5нодрински,,  две  награди за велешки театар, за претставата ,,Старицата од Калкута,,.  Талија Настова е најдобра млада актерка за улогата во „Старицата од Калкута“,  добитник на наградата за кореографија и сценски движења е Кире Миладиновски за кореографијата и сценските движења во „Старицата од Калкута“ на Театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес. Претставата ,,Старицата од Калкута,, работена по текст на израелскиот автор Ханук Левин а во режија на  Софија Ристевска Петрушева.

Претставата „Кралски игри“ во режија на Љупчо Георгиевски во изведба на Народниот театар – Битола ја доби наградата за уметничко остварување за уметничко остварување на претстава во целина на 51-от театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Ѓорѓиевски е добитник и на наградата за режија на истата претстава. Наградите за главна женска и главна машка улога им се доделени на Катерина Аневска за улогата на Ана Бојен во „Кралски игри“ и на Никола Ристановски за улогата на Подсекаљнов во претставата „Животот е прекрасен“ во изведба на Македонскиот народен театар. Добитник на наградата за текст е писателот Венко Андоновски за текстот „Јов“ во истоимената претстава во изведба на Драмски театар од Скопје.

Наградата за женска епизодна улога ја доби Билјана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Серафима Илинчина во „Животот е прекрасен“ додека добитник на наградата за машка епизодна улога „Димче Трајковски” е Кољо Черкезов за улогата на Контролорот во претставата „Ни ќар ни зијан“ на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица. наградата за современа драмска драматизација му е доделена на Русомир Богдановски за драматизацијата во „Ајнштајновите соништа“ на Народниот театар „Војдан Чернодрински од Прилеп“ додека наградата за музика му е доделена на Горан Трајковски за музиката во претставата „Прометеј“ во изведба на Турскиот театар од Скопје.

Костимографката Розе Трајчева е наградена за костимите во „Ајнштајновите соништа“, додека Валентин Светозарев е добитник на наградата за сценографија во „Кралски игри“. Додека наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ му е доделена на Марко Трајковиќ за улогата на Земљаника во претставата „Ревизор“ во изведба на театарот од Куманово. Наградата за рекламен материјал ја добива Владимир Симоновски за рекламниот материјал од претставата „Јов“. За наградите одлучуваше  комисија во состав Васе Манчев, претседател, и членовите Владо Јовановски и Јани Бојаџи. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »