речник контакт

Награда за велешанецот Горан Јовановски во Белград за најдобар возач на кружни трки во Е-1

Toj вози „Цитроен саксо“ со работна зафатнина од 1.600 цм3 со 215 КС

Петар Печков

Велешанецот Горан Јовановски доби признание во соседна Србија, награда за најдобар во кружни трки, во категорија Е-1 од 1.400 до 1.600 илјади кубици,за минатата 2021-ва година. Тој оваа награда ја доби во конкуренција на натпреварувачи од Србија, Бугарија, БиХ и Македонија.  Наградата му беше врачена синоќа во Белград, заедно со останатите во другите категории.

Минатата година учествувал во пет од осум трки на Отвореното првенство на Србија, при што освоил две први и три втори места, во генералниот пласман со 80 бодови го освоил првото место,  по што на крајот беше прогласен за најдобар во неговата категорија од десетина натпреварувачи.    

„Предизвик ми беше да создадам конкурентно возило, подготвено за предизвиците од трките. Истото го остварив во 2021-та.   Располагам со возило „Цитроен саксо“ со работна зафатнина од 1.600 цм3 со 215 КС, со вистински тркачи делови од 780 кг. Возилото е подготвено за учество на источно европски шампионат трки, кои се возат во регионов“ - вели Јовановски. Тој е член ан автокартинг клубот „Перформанс“ од Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »