Петар Печков
Објавено: сабота, 11 февруари 2017
Ресторанот ,,Астибо,, на велешкото семејство Јаневи –Сарагинвоски, кој се наоѓа во Дортмунд Германија, ги извлече среќните гости, кои добија награда летување во Охрид, авионски лет во двата правци и комплетен седумдневен пансион во хотел Миленум.
Првата наградена беше Урсула Гехрманн, а годинава за разлика од лани имаше изненадување за гостите на објектот. Уште едно патување за Македонија за двајца тоа го доби Ангелика Силлер.
Во Дортмунд на Berghofer str.134 се наоѓа ресторанот Астибо - Дортмунд на велешкото семејство Јанев Сарагиновски - Жанет, Зоран, Габриела и Дарко. Тој започна со работа на 29 ноември 2013-та година и од тогаш бележи постојан раст на гостите и посетителите. Тоа е место собиралиште на велешани и Македонците кои живеат во овој град.
Ресторанот има капацитет за 90 гости, каде може во секој момент да се најдат и македонски специјалитети, пита пастрмалија, гравче тавче и останатите јадења кои се синоним за југот на Европа, на срцето на Балканот, од Македонија. Успешната работа на сопствениците ги дава резултатите, па ресторанот е посетен и од бројни Германци кои сакаат да вкусат наши специјалитети и скара.
Tweet |