Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 септември 2017
Со врачување на наградата за животно дело,, Коле Неделковски,, на писателката Павлина Климкар Меанџиева се одбележа 76 години од смртта на поетот Коле Неделковски. Оваа година за прв пат се доделува ова признание, на велешката авторка која е автор на бројни дела поезија и проза, член на Друштвото на писатели на Македонија.
Особено сум почестена што сум првиот добитник на оваа награда. На овој автор цел живот му посветував внимание, бидејќи работев како професор во истоименото средно училиште, каде образував ученици. Пријатно сум изненадена и горда на ова признание. И понатаму читам, пишувам, имам креативно дејности иако сум во пензија и наскоро ќе ја објавам мојата нова, не седам без работа – рече добитничката Климкар Меанџиева.
Одбележувањето на годишнината до смртта , беше во спомен куќата на Неделковски во родното село Војница, каде се обрати проф. д-р Васил Тоциновски.
Условно кажано имало жестоки расправи помеѓу Коле Неделковски и Кочо Рацин. Неделковски ја застапувал тезата за ,,гемиџиските,, идеи дека ропството и тиранијата треба да се срушат со оружје и со бунт, на сила да и се покаже сила. Рацин имал спротивно гледиште дека по пат на политика и дипломатија да се дојде до слободата – посочи Тоциновски, кој е истражувач на делото и животот на Неделковски.
Организаторот на чествувањето Клубот на писатели ,,Кочо Рацин и Народниот Музеј од Велес врачија награди по наградниот литературен конкурс ,, Пеш по светот,,. Прво наградени се Ристе Мулев од средното училиште ,,Коле Неделковски,, и Мартина Пешова од средното Димитрие Чуповски од Велес.
Во спомен куќата на Неделковски во село Војница се одржа и поетско читање а беше отворена и фото изложба на сакрална и рурална архитектура од општините Чашка и градско објекти од Азот и Клепа.
Настап имаше и фолклорното друштво ,,Коле Неделковски,,. Ова чествување беше финансиски поддржано од Министерството за култура во проектот ,,Нов културен бран,,. Во чест на патронот во дворот на истоименото средно училиште, пред бистата на Коле Неделковски беше положено свежо цвеќе.
Истовремено десетина велосипедисти, ученици и професори возеа од дворот на училиштето до село Војница до спомен куќата и назад. При ова рекреативно возење минаа 30 км до Војница и назад. Ова е трета година по ред како тие ја изведуваат оваа активност, во организација на професорите по физичка култура од училиштето.
Поетот Коле Неделковски е роден во селото Војница, близу Велес, 1912 година. Кон крајот на 1939 година ја издава својата прва стихозбирка „М’скавици”, на македонски јазик, во духот на македонската народна песна. Во август 1941 година излегува од печат неговата втора книга „Пеш по светот,, . на 2 септември 1941 година, Коле Неделковски го завршува својот живот, при обид на бугарската полиција да го уапси во станот во кој живеел. Останува неразјаснето дали бил фрлен од полицајците или самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба.
Tweet |