речник контакт

Награда на Витанов за главна машка улога на Чернодрински

Братислав Димитров доби награда за текст за ,,Ноќите во бел сатен,,

Петар Печков

Оценувачката комисија на 48-от Македонски Театарски Фестивал "Војдан Чернодрински" Прилеп, во состав: ВАСЕ МАНЧЕВ, претседател и членовите ЈАНИ БОЈАЏИ и МУСТАФА ЈАШАР ги додели наградите на оваа врвна театарска манифестација во земјава.

НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА  ја  доделија  на ЈОРДАН ВИТАНОВ за улогата на БЛАГОЈ во претставата „НОЌИТЕ ВО БЕЛ САТЕН“ во изведба на Театарот „Ј.Х.К Џинот“ од Велес. НАГРАДА ЗА ТЕКСТ  пак ја  доби  БРАТИСЛАВ ДИМИТРОВ за текстот "НОЌИТЕ ВО БЕЛ САТЕН" во истоимената претстава во изведба на Театарот „Ј.Х.К Џинот“ од Велес.

Радосен сум и возбуден за ова признание. Тоа е  потврда на конкретен резултат и време, со конкретна ролја. Тука во Прилеп сум   играл 30 години  на оваа сцена. Благодарен сум и на моите колеги    кои учествуваа во претставата – им изјави на новинарите во Прилеп Витанов. Во хит претставата ,,Ноќите во бел сатен,, играат и Зоран Љутков
Васил Зафирчев, Маја Љутков а режисер е Ненад Витанов.

НАГРАДАТА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА ја доби  прилепскиот театар за  „ЗМЕЈОВАТА НЕВЕСТА“ а за женска улога АМЕРНИС ЈОВАНОВСКА НОКШИЌИ за улогата на ЗОЈА во претставата „ПРСТ“ во изведба на Албански Театар - Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »