Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 февруари 2024
Наградата за животно дело за архитектура за 2023 ја доби архитектот Здравко Рафаиловски. Таа му беше врачена на свеченост во МАНУ. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на Архитекти на Македонија (ААМ). Наградата ја врачи претседателот на ААМ Мишко Ралев Таа се доделува како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.
Истата до 2005 година се доделуваше до Велес, но откако тогашната локална власт го откажа домаќинството, признанието се врачува во Скопје.
Жирито кое одлучуваше за наградата е во петчлен состав- професор Зорица Блажевска, Биљана Филиповска, Горан Мицковски, Бекир Адеми и Ангел Ситновски – претседател на жирито.
Тој пред врачувањето нa наградата, ја образложи одуката на жирито.
„Неговите објекти ги гледам како одговор на комплексниот сет на потребите на тогашното општеството, не само како субјективно обликувана и естетизирана сценографија на просторот. Посветеноста во разбирање на архитектурата и изградбата на објектите кои се по мерка на корисниците, по мерка на просторот и по мерка на опкружувањето беа во фокус на неговиот архитектонски опус, кој е препознатлив и кој е резултат на активното и посветено размислување за сложените проблеми на времето во кое се создадени“-
Здравко Рафаиловски е роден 1951 година во село Нистрово, Гостиварско. Дипломирал во 1975. година на Архитектонско – градежниот факултет во Скопје на тема „Собрание на градот Гостивар“, под менторство на професорот Борис Чипан.
Позначајни реализирани објекти -Хотел, Крива паланка, 1975, Дом на пензионери, Пробиштип, 1976, Работничка населба „Фени“, Кавадарци, 1976, Дом на култура, Демир Хисар, 1976, Станбено деловен комплекс „Карпош 4“, Скопје, 1979-82, Народна библиотек, Сурдулица, Србија, 1984, Школски објект, Мисурата, Либија, 1984, Деловно – трговски центар „Мавровка“, Скопје, 1985-90, Управна зграда „Унис“, Сочи, Русија, 1989, Лечебен корпус за санаториум „Запољарие“, Сочи, Русија, 1989.
фото ФБ/ Асоцијацијата на Архитекти на Македонија
Tweet |