Петар Печков
Објавено: вторник, 18 октомври 2016
На годинашниот натпревар за најбезбедни и нај чисти училишта, две награди добија училишта од општината. ОУ Васил Главинов е второ рангиран а ОУ Рајко Жинзифов е трет, за основни училишта. Тие се пријавиле на конкурсот и во конкуренција на 10 основни и пет средни добија признанија., кои се однесуваат за учебната 2015/16 година.
Годинава на натпреварот конкурираа 15 училишта, 10 основни и пет средни. Комисијата која ги разгледуваше апликациите и која ги посети училиштата едногласно одлучи дека најчисти и најбезбедни училишта се „Тошо Велков- Пепето“ од Кавадарци на првото место, второ е „Васил Главинов“ од Велес, а на трето место „Рајко Жинзифов“ од село Долно Оризари, Велес - изјави министерот за образование Лутфиу.
Министерството за образование и наука веќе трета година по ред го реализира натпреварот „Најчисто и најбезбедно училиште“. Овој проект се реализира во соработка со ОБСЕ, кој додели награди за второ и трето рангираното училиште.
Tweet |