Петар Печков
Објавено: среда, 28 декември 2016
И годинава се наградија најуспешните општински институции, чии ученици и деца совесно преку целата година го собираа отпадот кој се рециклира.
Новина е што овој пат се вреднуваше и собирањето на електричен и електронски отпад, за да се намали негативното влијание врз човековата и животна средина. Учествуваа четири училишта и детските градинки.
Врз основа на собраниот отпаден материјал комисија при Општина Велес, ги прогласи за најуспешни ОУ Св. Кирил и Методиј и Детската градинка Димче Мирчев.
Најуспешно во собирање отпад за рециклирање, стара хартија и пластична шишиња беше ОУ Св. Кирил и Методиј , чии ученици собранале 1.697 кг хартија и 680 пластика.
Децата од Детската градинка ,,Димче Мирчев,, собраа најмногу отпад од електрични и електронски апарати 2,5 м3 и 7,6 кг батерии.
Во оваа годишна акција собрани биле вкупно 5.317 кг стари хартија, 1.1 илјади кг. пластични шишиња, 7,7 м3 отпад од електрична и електронска опрема и 11,6 кг батерии.
Tweet |