речник контакт

Награди за велешките волонтери

Признанија за младите од Црвен Крст – Велес и за од општина Велес

Петар Печков

Црвениот крст на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика го одбележаа Светскиот ден на волонтеризмот  5 декември. На свеченоста беа доделени награди, беше истакнат волонтерскиот активитет и се истакнаа  позитивни примери кои го практикуваат и поддржуваат волонтерството.

На Светскиот ден на волонтеризмот од страна на Црвен крст на Република Македонија, беа доделени волонтерски награди за посебни достигнувања на: Клубот на млади на ООЦК Велес за докажаниот активитет за помош на различни целни групи. Волонтерите од Црвениот крст доделија чек од 165 000  денари, на Казнено попраравна установа – затвор Охрид, од собрани парични средства од страна на волонтерите во рамките на „Неделата на промоција на хумани вредности”.

На настанот свое обраќање имаше претседателот на Црвениот крст  Милчо Трајков кој истакна дека не постои повисока вредност од давање сопствено знаење, вештини, време или ресурси за некој кој има потреба од помош. Според последните податоци бројот на активни волонтери на Црвениот крст изнесува 7.199 волонтери.

Министерството за труд и социјална политика во склоп на овој настан по втор пат ги додели националните награди за волонтерство. За организатор на волонтерската работа е наградена Општината Велес.

Министерот за труд и социјална политика  Диме Спасов во рамките на своето обраќање истакна дека волонтерите создаваат бесценета вредност бидејќи поседуваат знаење и вештини корисни за заедницата. Моментално според Спасов со Законот за волонтерство во Македонија во повеќе институции се ангажирани 6.400 лица.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »