Петар Печков
Објавено: четврток, 02 ноември 2017
Доделени се наградите од 50-тите јубилејни Детски Рацинови средби.
Највисоките признанија Гран при ги добија за литература Марија Андевска 9 одделение од ООУ „Аврам Писевски“ –Бардовци, Скопје а кај ликовните дела Бранкица Чучурска прва година ОСУ„ Ацо Русковски“ Пехчево.
На конкурсот на тема „Мојот град моја инспирација “ учествувале со свои литературни творби 250 ученици од основно и средно а кај ликовните дела 50 ученика.
Во Градскиот парк, учесниците засадија 20 садници дрвја- туја додека во сокачето на поезијата, пред родната куќа на поетот Коса Солев добитниците на наградите ги читаа своите дела.
За утре петок е најавен поетски карван по училиштата низ Велес, со читање на поезија и промоција на книгата за млади и деца ,,Марта,, од Горјан Петревски. Организатор на Детските Рацинови средби е Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин,, од Велес а финансиски помогнат од Општина Велес.
Tweet |