Петар Печков
Објавено: петок, 27 декември 2019
На завршна свеченост за 2019-та година, локалната власт со награди за сопствениците за најдобра илуминација. По пријавите од конкурсот, кој го распиша Општина Велес, од страна на комисијата, беа одбрани најдобрите. Тие добија по 15 илјади денари парична награда, за секоја категорија.
Со одлука на комисијата, наградата за најубаво уреден осветлен излог им се додели на
Бутик„Орбис“, ул. 8 „Септември“ бр.11, Бутик “Зик зак”, ул.„Благој Ѓорев“ бр.61/2 , Бутик „БРОНКС“ на ул.„Благој Ѓорев“бр. 24
Наградата за најубаво уреден – осветлен објект - двор добија - Борче Велковски за двор на ул. „Ристо Попов“ бр. 5 нас. Превалец и Андреј Анастасов за објект-двор на ул. Орце Шутев“ бр. 13.
Наградата за најубаво уредена осветлена тераса се доделува на Стамбено деловен објект„Атлантис“ со украсување и осветлување на сите тераси на ул. „Раштански пат“ бр.14
Tweet |