Петар Печков
Објавено: сабота, 30 декември 2017
На завршната годишна свеченост, која ја организираше Општина Велес, беа доделени признанија и награди за најуспешните училишта во рамките на акцијата „Прогласување на најдобар центар за отпад во училиште и објект во градинка“.
Годинава непрофитното друштво „Нулта Отпад“ обезбеди пригодни награди за најуспешните.
Награда за најуспешно училиште во собирање на електронски отпад ја доби Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ кое собра пет трактори е-отпад.
Наградата за собирање на отпадни батерии, хартија и пет амбалажа за 2017 година се додели на ОЈУДГ „Димче Мирчев’ која покажа најдобри резултати.
Tweet |