Петар Печков
Објавено: сабота, 30 октомври 2010
ТРМР ги открива кандидатите по кои ќе се изјасни Советот на општината а во пресрет на општинскиот празник 9-ти ноември.
За наградата ,,Гемиџии,, предложени се писателката Павлина Климкар Меанџиева и сопственикот на ТВ Здравкин, Ангел Здравкин.
За наградата 9-ти ноември, пофалница, признание и плакета предложени се Елена Тевчева директорка на градската библиотека, гласилото ,,Хуманист,, на општинската организација на Црвениот крст, Благородна Донева која изработува народни носии, карикатуристот Миле Манчевски, поетесата Десанка Николова, Стефан Пеев кој и натаму ја оспорува теоријата на релативитетот на Ајнштајн, директорката на детските градинки Татјана Лазаревски Георгиева, лимарот Онче Саздов, ракометарот Виктор Гигов, Наце Алексовски човекот кој 15 години доброволно го одржува Железниот мост и Ангел Митревски претседателот на македонците од Република Хрватска.
Во текот на оваа седмица, најверојатно петок Советот ќе одлучи за добитниците на признанијата.
Tweet |