Петар Печков
Објавено: четврток, 12 јануари 2017
Вонредните временски услови го оневозможија редовно извршување на услугата за собирање и транспортирање на отпад во ноќните часови. Ова беше причина локалната власт и ЈКП Дервен да побараат разбирање од граѓаните.
Заради тешката пристапност до високите зони во градот и проблемите во функционирањето на возилата за собирање на отпад во услови со екстремно ниски температури се создадоа купови со отпад на локациите за складирање на отпад и околу контејнерите.
Се врши дневна координација помеѓу надлежните служби во Општина Велес и ЈКП Дервен и веќе се создадени услови за собирање на отпадот во текот на денот во ниските зони во градот, но сепак во отежнителни околности.
Општина Велес упатува апел до граѓаните да имаат разбирање за состојбата.
Остануваме посветени на активностите за заштита на животната средина и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Tweet |