речник контакт

Надлежните очекуваат наредниот период да опаѓа бројот на заразени, денес регистрирани нови 45 случаи со ковид-19 и 12 оздравени во велешко

Во велешко има 611 активни случаи, во велешката Болница хоспитализирани се 69 пациенти, повеќето позитивни

Петар Печков

 Денес  Центарот за Јавно здравје Велес регистрираше 45 нови случаи на позитивни на ковид-19 и 12 лица оздравени. Со ова вкупната бројка на активни случаи во велешко се искачи на 611 пациенти.  На Инфективното одделение има 49 пациенти од Велес, пет од Свети Николе, и по еден од Градско и Струмица. Досега во велешко  има заразени вкупно 1045 лица, од нив 408 оздравеле.

Од заразените двајца пациенти се на Инфективна клиника во Скопје, две родилки се во ГАК Скопје, четворица се на приватна клиника  и  554 се на домашно лекување.

Во велешката Болница има 69 пациенти, на Инфективно одделение има 54, 51 е потврдено позитивен, тројца се сомнителни и 20 пациенти се на кислородна поддршка. Во текот на денот двајца пациенти биле испишани по два последователни негативни теста.

На Интерно одделение има хоспитализирани 15 пациенти, пет се потврдено позитивни, четворица се сомнителни и тројца пациенти се на кислородна поддршка. Останатите шест пациенти се со негативни тестови а имаат потешка клиничка слика  и потреба од болничко лекување.

Од велешката Болница информираа дека денес  пациент од Свети Николе на 34 годишна возраст, кому му се влошила состојбата откако бил примен на 3-ти ноември, е транспортиран  на приватната клиника Жан Митрев,бидејќи на Инфективна клиника капацитетот бил исполнет.  
 
Докторите  очекува да опаѓа бројот на заразени во наредните денови, по широката распространетост на инфекцијата низ градот изминатиот период - кажа градоначалникот Коцевски, по денешната прес конференција, одржана после седница на Кризниот штаб. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »