Петар Печков
Објавено: среда, 13 јануари 2016
Ретка, прекрасна и единствена можност велешани да видат како луѓето кои живееле на овие предели, како го краселе сопственото тело, од праисторијата до пред еден век. Во велешкиот музеј, отворена е изложба ,, Накитот низ вековите,, каде се презентирани стотина артефакти.
Тоа се артефакти со непроценлива културна и историска вредност и претставуваат сведоштво за културниот идентитет на многу популации, кои битисувал во велешко.
Авторот Анита Василкова Мидоска, посочи дека изложбата е аманет од нејзини колешки, кои од оправдани причини не се присутни и таа е нивно заедничко дело.
Моите колешки и јас, со години ги прибиравме овие предмети, кои се тука пред нас. Изложбата опфаќа широка хронолошка рамка, од праисторијата до накитот на крајот на 19-ти и почеток на 20 век. Не се претставени само предмети од накит туку и други, кои на суптилен начин го нагласуваат китењето и украсувањето. Освен археолошки предмети има и одредени анимации. Накитот не е само украс за китење како предмет кои имал спасително и заштитничко значење - вели авторката Василкова Мидоска , виш кустос во Народниот музеј и докторант на Институт за археологија.
Во витрините изложени се прстени, белегзии, огрлици,обетки има и фибули кои биле со статусен симбол а денес се обичен брош. Меѓу накитот се наоѓа и дијадема од злато, која е 2-риот век п.н.е откопана од локалитетот Градиште крај Згрополци и тоа во последните часови од ископувањето на проектот.
На истиот простор се пронајдени и две исклучително убаво изработени обетки, едната со мотив на јарец а втората со мотив на Богот Амор. Таму е пронајдена и теракотна статуетка на Афродита. На неа се забележуваат, два прстени на левата рака со која ги прекрила гениталиите, додека на главата има дијадема.
- Од изложените предмети можеме да констатираме дека во овој регион живееле богати луѓе, кои одржувале контакти со силните центри на Медитеранот и ја применувале модата која била карактеристична за тоа време - додава Мидовска Василкова. Најголемиот од изложениот дел предмети се од велешко, вклучувајќи ги териториите на општините Градско и Чашка и се од археолошки ископувања. Сопственост се на велешкиот музеј, дел се добиени по пат на поклон. Изложбата се подготвувала шест месеци.
Со илјадници години човекот создава накит и го носи, со примарната негова намена да привлече внимание, да го покаже сопственото богатство и моќ. Но не секогаш служи за разубавување, лично украсување тој има и практична употреба. Друг пат е статусен симбол за припадност кон одреден етнос или група. Понекогаш служи за заштита од зло - потенцираше директорката на велешкиот Музеј Елица Николова. Изложбата ќе биде до крајот на годината.
Tweet |