речник контакт

Намалена затворската казна за возачот кој на пешачки прегази дете

Првостепената пресуда за Ангелче Николов беше 18 години затвор, Апелација ја намали на осум години затвор

Петар Печков

Апелациониот суд од Скопје му ја намали затворската казна на возачот Ангелче Николов (28 год) од Велес, на осум години затвор. Првостепената пресуда изречена во Основен суд Велес од петочлениот кривичен совет со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова беше 18 години. Оваа информација  ја  потврдија  од Основен суд Велес. Предметот се работеше и во текот на судската летна ферија, бидејќи беше притворски. Пресудата е правосилна.

На Николов кој  во пијана состојба на пешачки премин смртно повреди 11 годишно дете, Магдалена Иванова и му се судеше за две кривични дела  „Тешки дела против безбедноста на луѓето“и  за „Не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Со телесни повреди се здоби и мајката на девојчето. Останува  изречената забрана за Николов, за управување со моторно возило од „Б категорија“ во траење од 5 години.

Сообраќајката се случи  на 17 декември лани во 22,17 ч. на пешачки премин,  на ул. Борис Трајковски близу ОУ Васил Главинов. По сообраќајката возачот  Николов побегна од местото на настанот и 37 часа се криеше во населба Превалец.  

Вештачењето покажало дека возачот критичнатавечер, во моментот кога се случила несреќата возел под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената на тоа место. Згора на тоа сообраќаја се случила на обележан пешачки премин.

Во моментите кога го возел автомобилот „мерцедес“ тој имал забрана за управување на возило. Николов призна вина за сторената сообраќајка, со смртни последици.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »