Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јуни 2012
Наместо за период од три години како што беше најавено, 14-те киносали во Македонија ќе бидат активирани за две. Од Министерството за култура известуваат дека средствата кои беа планирани за реставрација на постоечката киноопрема за прикажување на 35 мм филм, ќе се употребат за набавка на нови дигитални проектори.
Оваа промена е направена врз основа на податоците добиени од Европската аудиовизуелна опсерваторија која на крајот од месец мај годинава ги презентираше информациите за дигитализација на киносалите, според кои веќе е јасно дека снимањето и кино прикажувањето на филмови на 35 мм филм е со помал обем и дека филмската продукција и дистрибуција се повеќе се преориентирни на дигитални медиуми велат од Министерството за култура на РМ.
Реализацијата на проектот ќе се спроведе во две фази. Оваа 2012 година, планирано е да се оспособат киносалите во Куманово, Охрид, Струга, Прилеп, Крива Паланка, Неготино, Кочани и Делчево, а во првата половина на 2013 и во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струмица и Велес.
Tweet |