Петар Печков
Објавено: петок, 22 мај 2020
За една работна седмица на езерото Младост од страната на Отовичка плажа биле собрани 15 м3 смет. Тие биле поставени на нови откриени н диви депонии. ЈКП „Дервен“ отстранил 8 м3 габаритен отпад од страната на Отовичка плажа и 7 м3 градежен шут на излетничките простор над езерото.
Во викенд за едно деноноќие од јавните површини се собира по еден полн трактор отпад. Поради ова наместо еден таму чистотата ќе ја одржуваат двајца вработени комуналци.
Состојбата со чистотата на езеро Младост е вознемирувачка. Рекреативците откако ќе си заминат оставаат многу отпад. Затоа одлучивме бројот на комуналци кои се грижат за одржување на чистотата да го зголемиме на двајца, откако таму беше ангажирано едно лице. Се крши и урбаната опрема. На долна Бабуна состојбата не е таква, нема толку смет и неодговорно однесување на посетителите - кажа градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.
Од локалната власт велат дека постојат моменти на обесхрабрување кога откриваат депонии со санитарии, мебел, стара облека во природата која нуди многу можности за рекреација.. Во оваа трка која ја нарекуваат “фрлај - чисти” додаваат дека сите сме губитници.
Tweet |