речник контакт

Наместо за 120, со воз до Скопје за 180 денари

По 17 години, нови цени на железничкиот превоз. Од вчера за 50 отсто повисоки се цените во Македонски железници

Петар Печков

Велешани силно ќе го почувствуваат ова покачување, бидејќи тие се најголемите корисници на услугите на железницата и велешка железничка станица со илјада патници е најфрекфентна во земјава.

Од 13 март цените на возниот билет на ЈП Македонски Железници се за 50 отсто повисоки. Така од Велес до Скопје наместо за 120 денари ќе се возите за 180, или ако патувате во еден правец е 112,5 денари, наспроти досегашните 75 денари. 

Еве ги цените и до другите градови каде велешани најчесто патуваат:     

Велес – Прилеп  158,50/254,00                                           Велес – Битола       230,50/ 369,00                                            Велес – Гевгелија    208,00/ 333,00
Велес – Кочани       158,50/ 254,00                                          Велес – Штип       112,50/ 180,00

Од ЈП МЖ транспорт објаснуваат дека Цените на железничките превозни услуги во внатрешниот железнички патнички сообраќај не се променети од 12 јули 1995 година. Во меѓувреме, цените на нафтените деривати (Д-2) само во последните пет години се зголемени за повеќе од 70%, а пак цената на електричната енергија во последните пет години е зголемена за повеќе од 60%.

Земајќи го предвид периодот од 1995 – 2012 година, може да се констатира дека не постои област во стопанството во Република Македонија која драстично не ги зголеми цените на своите услуги. Оттаму и потребата и железницата да ги зголеми цените на своите превозни услуги во железничкиот патнички сообраќај. Тие сметаат дека и вака зголемените цени ја задржуваат конкурентноста на превозот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »