Петар Печков
Објавено: сабота, 23 октомври 2010
Стручните анализи на компетентните служби покажале дека во Велес покрај постојниот кружен тек, во центарот на градот, можат да постојат уште два. И тоа кај фонтаната во Нова Населба, кај маркетот на Жито, Железничката зграда и вториот на влезот во Велес од правецот на Штип, кај Бензиската пумпа на Макпетрол. Осатанатите два предлога кои локалната власт сакаше да ги уреди, на овој начин д се регулира собораќајот не се одржливи, сметаат надлежните од Миниостерството за транспорт и врски.
Веќе за наредната седница е ставена како точка на дневен ред Предлог-одлука за уредување на сообраќај на кружна раскрсница формирана од улиците „Благој Ѓорев“, „8-та Велешка бригада“,„Тодор Јанев“, и „Народен Фронт“. Според локалната власт кружниот тек на влезот од Велес ќе треба да го промени и сивилото кога гостите доаѓаат во градот, бидејќи просторот ќе биде хортикултурно и естески уреден.
Претходно беа изработени идејни решенија за четири локации во градот каде требаше да се изгради кружен тек. Тоа беа на главната улица Благој Ѓорев, кај т.н. Бугарската амбасада и кај,, Авона,, во Нова населба, како и на два приоди, влезови во Велес, кај Башино село кај ,,Дине,, и на влезот од Штип, кај Бензиската пумпа. Двете идејни решенија од технички причини не минаа и за нив ќе се бара ново. Посебно ќе се работи за приклучувњето кај т.н. Бугарска амбасада со оглед на големите гужви кои тука се создаваат во сообраќајните шпицови од 7 до 8 и од 15 до 16 часот.
Ќе се решаваат и пешачките премини пред ресторан Панини и пред аптеката Зегин во центрот, кои се опасни по минувачите, поради лошата поставеност.
Tweet |