Петар Печков
Објавено: сабота, 26 март 2011
Наносите од дрвја кои го донесе Вардар на 5-ти декември минатата година, уште се наоѓаат на столбовите од мостот Гемиџии во Велес. Граѓаните стравуваат од наносот, кои ја загрозува безбедноста на мостот и апелираат до надлежните, благовремено да се отстранат овие дрвја, пред Вардар повторно да го зголеми нивото, како секоја пролет.
Градоначалникот на Велес, Горан Петров најави дека локалната власт ќе ги отстрани наносите, без оглед кој е задолжен за тоа, дали одржувачот на мостот ЈП Македонија пат, Фондот за патишта или Центарот за справување со кризи.
Соседите од околината на мостот ,,Гемиџии,, велат дека често се случува дрвја да бидат закачени на носечките столбови на мостот, од надојдениот Вардар. Но не помнат со децении дека тие да биле отстранети од надлежните институции. Вообичаено во текот на летото, нив ги собирале велешани од социјално ранливите категории, кои со пили и секири, во вода ги сечеле дрвјата и потоа ги носеле дома а служеле за греење.
Tweet |