Петар Печков
Објавено: четврток, 29 јануари 2015
Велешката полиција информираше за два настани кои се случија изминатите денови, при што пациент дрско се однесувал кон стоматолог а тутунар натепал тројца проценители.
На 12 јануари околу 18 ч. во стоматолошка ординација лоцирана на ул. „ 11-ти Октомври “ во Велес, лицето О.А. (1979) од Велес , поради незадоволство од тоа што не бил примен во ординацијата и не сакал да причека, почнал гласно да вика и да го навредува докторот- стоматолог и непристојно да се однесува во присуство на останатите пациенти кои чекале во чекалната. Изготвен е записник за прием на пријава, ќе биде поднесено Барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок по чл.4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир (карање, викање, непристојно и дрско однесување на јавно место).
На 27 јануари во 15.15 . во откупниот центар за тутун АД-Алијанса лоциран во близина на село Башино село, лицето А.И. (1978) од село Бузалково физички нападнал три лица вработени во фирмата како проценители, удирајќи ги со раце и тупаница во пределот на главата. На лице место е излезено од полициски службеници од ПС Велес , изготвен е записник за констатиран прекршок, по што ќе следи и барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок физички напад.
Tweet |