Петар Печков
Објавено: среда, 19 јуни 2013
Кучето Наполеон, ги мина сите маки на уличен пес, малтретиран, гладен за да биде згрижен од добрите луѓе и на крајот да заврши во негов нов дом во САД. Приказната започнува на Водици на 19 јануари годинава, кога младата велешанка Магдалена Ѓоргиева го наоѓа ранет пред зградата на Пошта, со пресечена половина предна десна нога, облеан во крв.
Два часа се обидував да го качам на кола и го однесеме во Ветеринарната станица но никој од возачите на сопре. По многу време дојде еден човек и не праша дали и како може да помогне. Му посочивме за што станува збор, тој посла чаршав на задното седиште и го префрливме кучето. Но вработените беа на терен и кажаа дека можат да се вратат дури по четири пет часа, што беше лошо по здравјето на кучето. Затоа со нашие пријатели од Анима Мунди од Скопје го префрливме таму – вели Магдалена Ѓоргиева негова згрижувачка во овој период.
Во Скопје бил опериран, иако било надвор од работно време докторот му ја ампутирал половина нога. Магдалена потоа го згрижила кучето кај нејзината тетка, оти дома веќе имала две мачки едно куче и неколку згрижени улични. Но состојбата со неговата нога била лоша, поради што морало да се изврши уште една операција. Таа немала пари за тоа, па преку светска социјална мрежа за заштита на животните побарала помош.
Се изненадив колку одѕив имаше. Луѓе од многу земји на светот сакаа да помогнат. Деветгодишно девојче од Австралија ни ја испрати целата нејзина детска заштеда. Не само таа, имаше многу добри луѓе. По ова кучето се оперираше и започнавме постапка за негово вдомување. Исто се одеше преку оваа страница и се јавија голем број луѓе. Се одлучивме за Робин Кејси од Пенсилванија САД. Целата оваа работа ја заврши Крис Свини - вели Магдалена.
Во овој период таа морала да изврши комплетна здравствен преглед на кучето, да му извади пасош, да ги добие потребните документи за да може да лета. Тој сега е официјално мелез помеѓу златен ретривер и хаски. Заминува четврток навечер за Софија Бугарија, од каде со помош на тамошно Здружение на заштита на животни, лета за Франкфурт. Таму останува седум дена за потоа да лета за САД. За да може кучето да летне, Германка го откажува летот за САД, презакажува во друг термин со што наместо 1200 долари, билетот чини 800 долари.
Многу жалам што се разделувам со Наполеон. Ако имама услови, после толку животни дома и него би го чувала. Но сум и пресреќна што неговата тажна приказна, доби такво среќен крај. Луѓето од Велес, Македонија и свето покажаа дека имаат добрина, човечност. Им благодарам на сите – вели Магдалена.
За крај ја открива и тајната зошто кучето го доби името Наполеон. Оти како и големиот војсководец има пократка нога, но и покрај тоа го добил сите животни битки и на крајот се вдоимл.
Tweet |