Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 февруари 2017
По повод 22 февруари – Светскиот Ден на Извидници , Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес и Сојузот на извидници на Македонија на вчера, недела започнаа со реализирање на хуманитарната акција “Направи Добро Дело“, а истата ќе трае во наредните десет дена.
Со оваа помош која што ја доделуваме сметаме дека ќе извршиме иницирање на потреба за поголема грижа од страна на државните институции и други хуманитарни организации кон овие семејства кои ни беа целна група – изјави Благој Ѓорчевски началник на ИО Димитар Влахов.
Акцијата се состои во доделување на пакети прехранбени производи и училиштен материјал и хигиенски материјали во десет семејства со социјален ризик и многудетни семејства и тоа во пет семејство во Велес, три во Чашка и две во Лозово. Акцијата е со подолг временски период се со цел за да може да се посетат сите десет семејства во споменатите региони каде што извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја реализира својата одредска програма и мобилизира и вклучува членство. Средствата обезбедени во рамките на оваа хуманитарна акција се обезбедени преку проектни активности со Цивика Мобилитас Швајцарска Развојна Агенција.
Tweet |